
Македонец заврши во затвор во Црна Гора поради возење под дејство на алкохол
Македонскиот државјанин М.С.(1977) од Скопје денеска е прогласен за виновен и осуден на 20 дена затвор бидејќи управувал возило во раните утрински часови под дејство на алкохол во концентрација од 2,23 г. кг, објави Марко Ѓукановиќ, претседател на судот за прекршоци во Будва.
Престапникот е осуден затоа што го повторува делото и како странски државјанин без одлагање е испратен на издржување затворска казна во УИКС Спуж.
Покрај тоа, изречена му е забрана за возење во рок од четири месеци.
