Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонците од Голо Брдо апелираат до албанската влада да го реализира ветувањето за подобра патна инфраструктура
Македонија

Македонците од Голо Брдо апелираат до албанската влада да го реализира ветувањето за подобра патна инфраструктура

05/03/2023

AA

Македонците во областа Голо Брдо и понатаму се соочуваат со повеќе проблеми, како што е водоснабдувањето и лошата патна инфраструктура и покрај ветувањата дадени од секоја албанска влада дека патиштата ќе бидат асфалтирани, наведува весникот „Илинден“.

При тоа како пример го посочува патот од Мостот на Серец-Стеблево што ќе ги поврзува Пешкопеја со Либражд, кој моментно е во повеќе од незавидна состојбата.

– Македонците во двете административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо, се надеваат дека ветувањата ќе се реализираат, патот ќе биде асфалтиран и дека ќе биде побезбеден за користење. Како информација за јавноста, да кажеме дека проширувањето на патот и неговото тампонирање е направено во 2012 година, со што патот тогаш беше подготвен за асфалтирање, стои во написот.

Се додава дека „поминаа скоро 11 години, но ветувањата кои постојано се повторуваат никако да се реализираат“ и оти последното ветување датира од пред три години кога почнало асфалтирањето на делницата Либражд – Стеблево.

– Корисниците на овие патишта, најчесто возачите велат дека ова што се случува со инфраструктурата е скандал, и за областа и за жителите, на кои им се прави недозволиво зло со неасфалтирањето на оваа делница. Жителите потврдуваат дека тој не се одржува со чакал, и дека станува тешко да се помине патот во текот на секоја сезона од годината, пренесува весникот „Илинден“.

Областа Голо Брдо, која се протега долж албанско-македонската граница, во делот кај Дебар, е една од најнеразвиените области во Албанија. Со донесувањето на законот за нова територијална поделба во 2014 година и покрај противењето на македонските друштва и партијата, беа укинати трите општини Требиште, Острени и Стеблево и станаа административни единици, па така првите две се припоени кон општина Булќиза (округ Пашкопеја), додека третата кон Либражд (округ Елбасан)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41501
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy