Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонците највеќе користат канабис – употребата на кокаинот и екстазите расте!
Македонија

Македонците највеќе користат канабис – употребата на кокаинот и екстазите расте!

20/05/2025

AA

Сè повеќе граѓани користат канабис, CBD и кокаин, но ретко бараат помош или третман. Уште позагрижувачко е што дел од нив седнуваат зад волан недолго по употребата.

Ова го покажуваат резултатите од Европското веб истражување за употреба на дроги во 2024 година, спроведено од Институтот за јавно здравје. Најчесто користена супстанција меѓу испитаниците е канабисот, а веднаш зад него се CBD производите со ниско ниво на THC и кокаинот.

Речиси секој трет испитаник (32%) изјавил дека користел канабис во последните 12 месеци, а 26% пријавиле употреба на бензодиазепини. CBD производите ги користеле 25% од анкетираните, додека кокаин – 18,4%. Од другите психоактивни супстанции, најзастапени биле: амфетамин (10,7%), екстази/МДМА (9,3%), магични печурки (6,6%), ЛСД (5,2%) и нови психоактивни супстанции (4,7%).

Сериозен е и податокот дека дури 53% од корисниците на канабис изјавиле дека управувале моторно возило во рок од четири часа по консумацијата, што го отвора прашањето за безбедноста во сообраќајот и потребата од превентивни мерки.

Повеќето од корисниците (97%) ја користат марихуаната во форма на џоинт, а над половината изјавиле дека го делат со други. Марихуаната најчесто се купува – тоа го прават 79% од испитаниците, 15,9% ја добиваат бесплатно, а 2,1% ја одгледуваат самите.

862 испитаници се анкетирани на возраст од 25 до 44 години од кои 57 отсто имале завршено високо образование, 70 отсто биле вработени со полно работно време, а 88,4 отсто живееле во град, од кои половината во Скопје. Повеќе од половина имале примања под просечната плата.

Една четвртина од испитаниците користеле производи со CBD и/или со ниско ниво на THC, најчесто во форма на сушена билка (58,8 отсто), цигари или џоинт (55 отсто) и масла (40 отсто).

Како главна мотивација се наведуваат намалување на стресот (65,4 отсто), подобрување на спиењето (56,8 отсто), справување со депресија и анксиозност (45,7 отсто) и социјализација (39,5 отсто).

Најчестата возраст за прва употреба е 16 години, употребата најчесто се случила дома (72,7 отсто).

Повеќе од половина од испитаниците не пријавиле несакани здравствени ефекти, но дел од корисниците забележале проблеми со меморијата, анксиозност, паника и промени во телесната тежина.

Кокаинот го користеле 18,4 отсто од испитаниците, а 91,4 отсто од нив користеле кокаин во прав. Најчесто причината за користење била социјализација, проследено со зголемување на расположението, спротивставување на ефектите од алкохолот и релаксација. Кокаинот се користел најмногу во клубови и барови, дома и на фестивали. Речиси сите корисници го консумирале кокаинот преку шмркање.

ИЈЗ го истакнува податокот дека многу мал процент од испитаниците побарале третман за употреба на дрога (1,5%).

„Ова укажува на значителен јаз помеѓу потребата за интервенција и пристапноста или подготвеноста да се побара помош. Во сите региони, дрогата за која најголем дел од испитаниците побарале третман е канабисот, а потоа кокаинот и опиоидите“, наведено е во истражувањето.

Европското веб истражување за дроги – European Web Survey on Drugs (EWSD) е истражувачка иницијатива координирана од Агенцијата за дроги на Европската унија – European Union Drugs Agency (EUDA), спроведена низ Европа за прв пат во 2016 година.

Во делот на препораки, наведено е дека е потребно да се зајакне превенцијата и едукацијата, да се прошират услугите за намалување на штетите, да се зајакнат кампањите за подигање на јавната свест за ризиците од возење под дејство на канабис и други супстанции (имајќи предвид дека 53 отсто од корисниците на канабис го признале ова однесување), а потребно е и да се подобрат услугите за третман и поддршка како и да се регулира и следи пазарот на дроги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy