
Махачев никогаш не примил толку удари како утрово, но го победи Волкановски кој има македонско потекло
Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, загуби на поени од Ислам Махачев во битката за светска титула во лесна категорија, но даде силен отпор, и не беше толку голем аутсајдер како што најавуваа квотите во обложувалниците.
Русинот Махачев кој е од областа Дагестан и го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, призна дека никогаш порано не примил толку удари како утрово во Перт од Александар Велики.

