
Маглата го парализираше скопскиот аеродром, патници заглавени со денови во Истанбул
На видливост од 400 метри утрово едвај слета авионот кој доаѓаше од Атина, Грција. Други од Виена, Истанбул, Франкфурт или се целосно откажани или пак слетуваат на соседните аеродроми во Приштина или Софија.
Густата магла деновиве целосно го парализираше скопскиот аеродром. Голем број на македонски граѓани се заглавени повеќе од два дена на аеродромот во Истанбул.
„Времето тука е супер, но ни кажаа дека во Скопје има густа магла и не може да слета авионот“, вели патник за 4NEWS.mk
Ова не е нова состојба со аеродромот во Скопје, речиси секоја зима се повторуваат проблемите.
Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.
Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваме да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/

