Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Мајко стигнав“: Од Скопје до Острог – Антонио го посвети ултрамаратонот на децата со рак и мајка му
Македонија

„Мајко стигнав“: Од Скопје до Острог – Антонио го посвети ултрамаратонот на децата со рак и мајка му

19/07/2025

AA

Антонио Пандевски, човекот со срце поголемо од секоја дистанца, го заврши ултрамаратонот долг 600 километри од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора. Овој неверојатен физички и емотивен подвиг траеше 17 дена и беше посветен на децата болни од рак и на неговата покојна мајка, која сонувала да го посети ова свето место.

Поддржан од фондацијата „Ице Бегов“ и неколку општествено-одговорни компании, Антонио трчаше со две мисии во срцето: да ја исполни желбата на мајка му и да подигне свест за децата кои секојдневно водат животна битка. Секој негов километар беше чекор на солидарност, љубов и надеж.

По пристигнувањето, на својот Фејсбук профил објави трогателна порака:

„Мајко, стигнав. Твојот сон сега е мое дело. Го положив мојот подвиг пред Острог. И ти го посветив тебе. И на сите мали срца што се борат за живот. Љубовта не запира. И јас нема да застанам.“

Антонио не го освои само Острог. Тој ги освои срцата на сите кои ја следеа неговата мисија. Покажа дека личната болка може да се претвори во хуманост, дека од тагата може да никне сила, и дека љубовта кон ближните може да биде најмоќното гориво на светот.

Неговиот подвиг е повеќе од трка – тоа е порака: дека и кога патот е долг и тежок, кога болката е голема, вреди да се трча – ако срцето знае зошто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy