Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мајката на Ивона која загина во пожарот во Кочани: Тргнавте на концерт, со насмевки и соништа во очите, со планови што ги чувавте за утре – но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките!
Македонија

Мајката на Ивона која загина во пожарот во Кочани: Тргнавте на концерт, со насмевки и соништа во очите, со планови што ги чувавте за утре – но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките!

26/08/2025

AA

Во сенка на трагедијата што го потресе Кочани, мајката на Ивона сподели трогателна порака за својата ќерка и за другите млади животи кои предвреме згаснаа. Низ зборови полни со болка и љубов, таа зборува за празнината што останала по 62 загубени животи, за вечната рана во душите на родителите и за љубовта што никогаш нема да згасне.

„Ивона 16.03.2025 – Ден кога замре младоста

Тргнавте на концерт со насмевки и соништа во очите, со планови за утре. Но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките.

Останаа 62 празни места, 62 тивки гласови, 62 незавршени животи.

Наместо песна – тишина.

Наместо радост – црнина.

Наместо живот – вечен спомен.

Ние, родителите, останавме со празни раце. Чекориме низ свет што веќе нема боја, влегуваме во домови во кои вие никогаш повеќе нема да влезете. Слушаме само ехо на чекори, сонуваме за прегратка што никогаш нема да ја почувствуваме.

Нашите срца се скршени, душите осиромашени, а болката е вечна како и љубовта кон вас. Секој ден е борба да дишеме, а не да живееме, затоа што животот без вас е празна сенка.

А моето единствено Ивонче… мојата радост, мојата гордост, мојата светлина – ја украдоа пред време.

Нема збор што ја опишува празнината, нема сила што ја лечи оваа рана. Ќе остане засекогаш млада, убава, насмеана – а јас засекогаш мајка со празна прегратка и со душа што крвари.

Вие, нашите ангели, засекогаш ќе бидете во нашите срца. Вашите имиња нема да замолкнат, вашите лица нема да избледат. Ќе живеете во нашите солзи, во нашите соништа, во секое утро без боја и секоја ноќ без мир. Не ве забораваме. Не можеме, ниту сакаме. Вие сте нашето „засекогаш“, напиша Стојка Антова, мајката на единствената ќеркичка Ивона Антова.

Стојка е редовен учесник на Маршот на ангелите за правда за жртвите. Пред една недела, таа сподели албум со фотографии од Ивона и напиша:

„Пет месеци како дишам… а не живеам, душата ми е мртва. Дишам… но секој здив ми е отров од неправда. Ми ја убија ќерката, ми го убија срцето, ми го украдоа светот. Нема утро без болка, нема ноќ без солзи. Секое утро ме потсетува на вашето зло, секој мрак ме гуши од празнината што ја оставивте. Пет месеци како моето срце куца, но е празно, студено и осамено. Без тебе, моја Ивонче, секое утро е темно, а секоја ноќ е бескрајна.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy