
Лукас Васкез со гол во 92. минута го врати Реал на врвот (ВИДЕО)
Вицешампионот славеше со 1-0, благодарение на голот на Лукас Васкез во втората минута од судиското продолжение иако Реал беше со фудбалер помалку безмалку цело второ полувреме. Начо Родригез доби црвен картон во 54. минута, но Алавес не го искористи тоа, а капак беше ужасната реакција по корнерот во надополнувањето на времето по кој Васкез му донесе победа на Реал.
Мадридскиот тим и Жирона имаат по 45 бода и годината ќе ја завршат на првите две места на табелата.