Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукаревска: Прогресивните сили во Собранието мора да победат, да продолжи европски пат на земјата
Македонија

Лукаревска: Прогресивните сили во Собранието мора да победат, да продолжи европски пат на земјата

19/05/2023

AA

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукревска, во интервју за емисијата „Трилинг“ порача дека прогресивните сили во Собранието мора да победат за да продолжи европскиот пат на земјата.
-Разговараме со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата. Прогресивните сили мора да победат, рече Лукаревска додавајќи дека СДСМ е политичка партија која во најтешки времиња носи важни, државнички одлуки и дека секогаш е на вистинскиот пат.

Во 2024 година ќе има редовни парламентарни избори, потенцираше Лукаревска и додаде дека СДСМ е секојдневно на терен, со граѓаните.
-СДСМ е секојдневно на терен со граѓаните, како што доликува на една модерна, демократска партија којашто од граѓаните го црпе мандатот. Постојано сме меѓу граѓаните а не одиме само пред избори. Јас и кога одам на терен, рамо до рамо со граѓаните, го кажувам истото, дојдовме тука со крената глава за да ви кажеме што направивме, но и вие да не корегирате, што треба да менуваме, да одговориме на прашањата. СДСМ е политичка партија која во најтешки времиња носи важни, државнички одлуки. Секако дека имаме и грешки, но сме на вистинскиот пат, рече Лукаревска.

Таа се осврна и на стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д.
-Блокадите на проектите не се решение. Законите поднесени во Собранието со европско знаменце за изградба на стратешкиот проект со коридорите заштедува време и пари. Во спротивно ќе губат и граѓаните и државата. Коридорите се важни за да се унапредиме и во делот на економијата и во делот на туризмот, додаде Лукаревска

Новиот финансиски инструмент, граѓанска обврзница ќе им помогне и на граѓаните и на државата и предвиден е со планот за забрзан економски раст, потенцираше таа.
-Во буџетот ќе се инкасираат околу 50 милиони евра а граѓаните ќе имаа нова можност. Каматата ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките, а пониска доколку државата се задолжи во странство, рече Лукаревска во емисијата „Трилинг“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седумнаесетгодишната Ела е на интензивна нега, состојбата е сè уште

14/02/2026
Македонија

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно

14/02/2026
Македонија

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот

14/02/2026
Македонија

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ ОДНОСИ Мицкоски во Минхен се

14/02/2026
Македонија

ЈА ЗАДУШИЛ СО ПЕРНИЦА ОТКАКО Ѝ ВЛЕГОЛ ВО ДОМОТ Млад

14/02/2026
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41451
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седумнаесетгодишната Ела е на интензивна нега, состојбата е сè уште исклучително сериозна

14/02/2026

Во тешка несреќа што се случи во Сараево, загина 23-годишната студентка на Академијата за ликовни уметности Ердоган Моранкиќ. 17-годишната Ела

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена!

14/02/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот кон Битола, ги испровоцирало девојче!

14/02/2026

Екипата на Пелистер вчера го заврши својот настап во четвртфиналето од Купот на Македонија по поразот од Куманово. Натпреварот, кој

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy