
Лоша увертира на сезоната: По 12 години, Барса загуби во Гампер купот (ВИДЕО)
Ханси Флик имаше лошо деби пред домашните навивачи бидејќи денеска во рамките на Гампер купот, Барселона загуби од Монако со 0-3. Тоа е прв пораз за „каталонците“ на оваа манифестација по 2012 година кога загуби од Сампдорија со 0-1 и вкупно 12. во постоењето на Гампер купот.
Сите три гола паднаа во второто полувреме. Отвори Камара во 50., зголеми Емболо во 57., а конечниот резултат го постави Мависа во 86. минута. Сезоната во Ла Лига почнува претстојниот викенд, а Барселона својот прв меч го игра в сабота против Валенсија на Местаља.
