
Локомотива удри пешак во Хиподром – маж на 55 години со тешки повреди
Рано утринава околу 01:20 часот на железничкиот премин кај Хиподром, локомотива сопственост на ЈП „Македонски железници“ удрила во пешакот С.Л. (55) од Скопје – информира Министерството за внатрешни работи.
Повредениот веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје. Причините и околностите за настанот се сè уште предмет на истрага.

