
Ливерпул со „петарда“ во полуфиналето од Лига купот (ВИДЕО)
„Црвените“ триумфираа со 5-1, а четири од петте гола постигнаа во второто полувреме. Во првиот дел погоди само Соболсаи, а од 56. до 84. минута во листата на стрелците се запишаа уште два пати Џонс и по еднаш Гакпо и Салах. За Вест Хем погоди само Боуен.
Покрај Ливерпул, во полуфиналето од Лига купот ќе играат уште екипите на Челси, Мидлсброу и Фулам.
