ЛИДЛ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА: Овој пат бара менаџери на маркети, еве ги условите
Лидл – Македонија повторно вработува. Овој пат се бараат менаџери на маркети.
За потенцијалните апликанти, од компанијата информираат дека потребно е:
- Завршено минимум средно образование, универзитетско образование ќе се смета за предност
• Пожелно е претходно работно искуство
• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
• Одлични организациски и комуникациски вештини
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Ориентираност кон постигнување резултати и способност за решавање проблеми
• Претприемачки дух и способност за носење одлуки
• Способност за давање конструктивен фидбек и за делегирање активности
Фото: Лидл/Македонија линкедин