
ЛИДЛ ГРАДИ УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР: Еве каде и колку луѓе ќе вработува
Во Лепеница кај Кисељак минатата недела свечено беше поставен камен-темелникот за изградба на дистрибутивниот центар Лидл Босна и Херцеговина.
Планираниот датум на завршување е декември 2025 година. Дистрибутивниот центар ќе вработи 200 работници, а компанијата има намера дополнително да инвестира и да се прошири во Босна и Херцеговина, пишува Klix.ba.
За време на церемонијата на присутните им се обратија директорот на Лидл БиХ Тољан Папајорѓи, амбасадорот на Германија во БиХ Томас Фитшен и градоначалникот на општина Кисељак Младен Мишуриќ Рамљак.
„Сакаме да го истакнеме фактот дека ФИПА му пружи помош на Лидл БиХ од самиот почеток на спроведувањето на инвестициските планови во БиХ“, објави ФИПА.
Потсетуваме, медиумите претходно објавија дека објектот на Лидл треба да чини 100 милиони евра и дека ќе се простира на 60.000 квадратни метри или на површина од дури осум фудбалски игралишта. Капацитетот ќе биде 40.000 места за палети. Планираниот датум на завршување е декември 2025 година.
