
Лице од скопско Пакошево пријавил закани – додека возел, од друго возило му се заканувале со пиштол
На 28.06.2023 во 19.50 часот Т.А.(49) од с.Пакошево, скопско пријавил дека околу 18.30 часот на регионалниот пат од с.Морани кон с.Орешани, додека се движел со патничко возило, едно лице кое заедно со уште две лица биле во друго возило, му се заканило со пиштол.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
