Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција
Македонија

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

06/05/2025

AA

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите, велат од Левица во соопштение.

„За оваа компанија, ДПМНЕ на пресови обвинуваше дека поради блискоста  со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДС, „Дон Холдинг” добива тендери од Оливер Спасовски и повикуваше обвинителството да отвори постапка. Наместо МВР под Панче Тошковски да ги истражи скандалозно доделените тендери од СДС на оваа компанија, сега сведочиме дека неговото министерство повторно ги склучува истите сомнителни тендери со „Дон Холдинг”.

Како истата компанија која била обвинувана од ДПМНЕ за криминоген скандал и блиска до СДС, сега е подобна за Тошковски да ѝ додели тендер од 575.000 евра? Наместо расчистување на криминалите на СДС и ДУИ, фирмите кои добивале тендери од претходната власт, продолжуваат да бидат бизнис-партнери и на новата влада на Мицкоски. 

Истиот случај како со криминалниот проект на „Бехтел и Енка”, чии закони Левица ги блокираше, а сега сведочиме како владата на ДПМНЕ го зацементира овој проект, без да поведе никаква ревизија како што најавуваше. Наместо расветлување на криминалите од минатото, ДПМНЕ ги продолжува контроверзните зделки на СДС и ДУИ, овој пат директно од министерството на Тошковски. Левица јавно го прашува Тошковски: дали е политичко лешинарење делење тендери на компанија за која неговата партија обзнанувала криминални скандали и барало истрага за истите?!“ – се вели во соопштението на Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
Македонија

НОВИТЕ ТЕРАПИИ ЗА ПАРКИНСОНОВА И ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ МОРА ДА

02/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46524
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот

02/11/2026

Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА БАНКА Славески најави посебни шалтери

02/11/2026

Пензионерите и другите клиенти на Алта банка што немаат платежни картички ќе можат да подигнуваат по 20.000 денари со едно

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

02/11/2026

Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе контроверзни ставови за жените, брачните односи и семејното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy