Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица обвинува: Со денови се чека на Онкологија, додека ресорот – здравство останува во рацете на Алијанса
Регион

Левица обвинува: Со денови се чека на Онкологија, додека ресорот – здравство останува во рацете на Алијанса

29/06/2024

AA

„Поради недостаток на кадар и лошо менаџирање на постоечките човечки ресурси, во јавните здравствени установи се чека со денови за преглед или администрација на терапија. 

До нас пристигна информација за случај на пензионерка, која по долг пат и многу надеж дека ќе ја прими терапијата на Клиниката за онкологија, била вратена дома без да ја добие потребната терапија. Од 6:40 часот наутро до 9:30 часот чекала за „бројче“, само за на крај да биде информирана дека сите места за терапија се веќе пополнети и дека терапијата ќе ја прими следниот ден…

Пациентите, вклучувајќи ја и нашата сограѓанка, беа вратени без било каква грижа или разбирање за нивната ситуација. Пациенти од цела Македонија со часови патуваат до Клиничкиот Центар во Скопје само за да дознаат дека нема да ја добијат потребната терапија и соодветната грижа!“ – обинуваат од Левица.

Од оваа партија наведуваат:

„Недостатокот на медицински сестри и организираност предизвикува дополнителни трошоци за овие луѓе кои веќе се соочуваат со тешки финансиски и здравствени предизвици.

Ова не е првпат Онкологија да биде центар на скандали. Се сеќаваме на шокантните настани кога цитостатската терапија беше крадена и продавана во Косово. Таквите криминални дејства и невнимание кон пациентите ја рушат довербата во здравствениот систем. 

Од непозната причина, покрај сите скандали со перење пари преку тендери на јавните здравствени установи, скандалот со цитостатиците кои се шверцувале во Косово и недостаток на медицински кадар, сепак, ресорот – здравство повторно припадна на Алијанса на Албанците, која во претходната влада беше во коалиција со СДСМ, а во новата влада е во коалиција со ДПМНЕ.

Здравствениот систем мора да им служи на граѓаните, а не обратно! Ова се примери за крајна неорганизираност и невнимание кон пациентите, па здравството со години служи само за политички пазар.“ – стои во соопштението од оваа партија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy