Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија
Македонија

Левица: Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија

03/04/2023

AA

Од Левица преку соопштение истакнуваат дека двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија.

Од таму велат дека поради стравот дека обидот за воведување на двојазични униформи со закон ќе биде блокиран од Левица, Владата на премиер Димитар Ковачевски противуставно донесе скандалозна Уредба со која униформите на полицијата стана двојазични.

„Токму Законот за двојазичност беше оспорен од Венецијанската комисија при Советот на Европа, за што поранешниот премиер Заев изјави дека ќе биде земено во предвид поради евроинтегративните процеси.

Венецијанската Комисија, изјаснувајќи се по Законот за употреба на јазиците, истакна дека Законот ги надминува европските стандарди во однос на правото на употреба на малцинските јазици и се оди предалеку со наметнувањена нереални законски обврски на државните институции.

Во негативното мислење на Венецијанската комисија, опфатен е и делот со јазикот на службените униформи, каде е наведено дека повеќејазичните униформи се речиси непознат феномен (без разлика дали се работи за униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)!

Иако изјавите по донесувањето на Законот за двојазичност гласеа дека Владата пред практичната употреба на истиот ќе побара мислење, а забелешките на Венецијанската комисијата ќе бидат спроведени – сепак добиеното негативно мислење од 2019 година тотално се изигнорира, во духот на диктаторското владеење на СДС и ДУИ.

Потсетуваме дека единствено Левица се изјасни и ја оспори скандалозната Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата пред Уставниот суд. Со воведувањето на двојазичните униформи, се погазија европските институции и повторно се докажа подреденоста на СДСМ во однос на ДУИ и нивните апетити за федерализација.

Истовремено, преку молкот на Христијан Мицкоски се покажаа и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ за идно формирање на влада со ДУИ, на сметка на унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија“, порачаа од Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy