Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Двојазичните униформи се спротивни на Амандманот 5 од Уставот
Македонија

Левица: Двојазичните униформи се спротивни на Амандманот 5 од Уставот

29/03/2023

AA

Од Левица велат дека со стапување во сила на Уредбата за двојазичност на полициските униформ, како директна последица на т.н. Тиранска платформа, свесно се потиснувa и миноризира македонскиот јазик, кој според Уставот е службен јазик во Република Македонија.

„Уставот ја предвидува употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на целата територија на државата како службен јазик и писмо [Амандман V, т. 1 од Уставот на РМ]. Значи, секое дејствување во рамките на државата кое има унифициран карактер, т.е. кое се потпира на принципот на целовитост и територијалност мора да ја следи оваа уставна одредба.

Оваа уставна обврска се однесува и на Полицијата, која функционира врз основа на територијалниот принцип, кој неминовно ја обврзува Полицијата да функционира на територијата на целата држава уницифирано т.е. законот со кој се уредува нејзината надлежност мора да се применува потполно исто и подеднакво на целата државна територија

Со неуставната Уредба за двојазични униформи, се екстензира оваа уставна одредба до граници на неспроведливост, нарушувајќи ги основните уставни принципи на унитарност и неделивост на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Вакво тивко истиснување на македонскиот јазик, оваа ненародна Влада направи и со воведување на двојазичните декларации на производите на територијата на РМ со новиот Закон за заштита на потрошувачите!

Со ваквите закони, уредби и мерки се нарушува принципот на унитарност и неделивост на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.

Оваа нелегитимна Влада на ДУИ и СДС, наместо заштита на унитарноста, потикнува федерализација и дејтонизација на Македонија, по примерот на Босна и Херцеговина, која е единствена европска држава со повеќејазични униформи!“, велат од Левица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy