Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: Децата на политичката елита профитираат од брзите кредити
Македонија

Левица: Децата на политичката елита профитираат од брзите кредити

23/06/2023

AA

Фирмите за брзи кредити, кои профитираат од сиромаштијата на граѓаните, станаа “бонбона’бизнис” за семејствата на партиските елити.
Вкупната проценка на овој бизнис е околу 150 милиони евра, а има регистрирано вкупно 23 небанкарски друштва за брзи кредити, од кои дел се во директна поврзаност со политичари и фунционери.

Имено, еден од сопствениците на вакво финансиско друштво е Убавка Заева, мајка на Трајче Заев, кој има сопствен бизнис со канабис. Бизнис династијата на Заеви очигледно станува “воен профитер”, кој освен од енергетската криза, сега профитира и од сиромаштијата на народот, која дополнително се влоши при владеењето на Заев.

Понатака, синот на Љубчо Георгиевски и коалиционен партнер на СДС – Лав Георгиевски, има основано компанија за брзи кредити со седиште во Скопје.

Александар Верушевски, син на разузнавачот Зоран Верушевски, во 2022 година има основано друштво за брзи кредити во Струга.Потсетуваме дека во 2007 година, тогашниот претседател Бранко Црвенковски го помилува Верушевски од затворска казна.

Како најпрофитабилна компанија се јавува фирмата на Марјан и Емил Стојменови, синови на поранешниот пратеник во Владата на Груевски – Борис Стојменов. Нивната компанија за брзи кредити минатата година прокнижила фантастични 1.5 милиони евра профит!

Јасно е дека корумпираната спрега СДС-ДПМНЕ-ДУИ политиката единствено ја користи за брзо богатење на нивните функционери, преку сомнителни бизниси и корумпирано владеење. Затоа, оние кои се изворот на корупцијата не можат да бидат решение за длабоко вкоренетиот коруптивен систем.

Левица, како единствена работничка партија, која е ослободена од стегите на олигархијата, се залага за целосно укинување на ваков тип финансиски друштва поради лихварските камати и предизвикување должничко ропство на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy