
Левандовски е страшен голгетер – испиша нова историја во ЛШ!
Полскиот голгетер беше стрелец на два гола за каталонскиот гигант со што дојде до бројката од 11 голови во европската елита сезонава.
Со оваа бројка Левандовски стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку 11 голови со три разлчни клуба. Претходно на полскиот голгетер тоа му успеа со Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Исто така актуелната сезона за Левандовски е осма во низа во која постигнува најмалку 40 погодоци.
Фото: EPA PHOTO