Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Леунора Калиќи нов Претседател на Управниот одбор на СЕММ
Македонија

Леунора Калиќи нов Претседател на Управниот одбор на СЕММ

22/06/2023

AA

Леунора Калиќи е избрана за нов претседател на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија. Таа е новинарка во Вториот програмски сервис на МРТ, со повеќе од две децениско работно искуство.  Леунора беше предложена и доби едногласна поддршка од членовите на УО на СЕММ, избрани на годишното Собрание на СЕММ што се одржа на 19.06.2023. Таа доаѓа на местото на Катерина Синадиновска, која на позицијата Претседател на УО на СЕММ беше во текот на два мандати, од 2015 година.

За заменик-претседател на УО е избрана Сашка Цветковска, уредничка во Истражувачката репортерска лабораторија.

Управниот одбор на СЕММ го сочинуваат: Леунора Калиќи (МРТ), Сашка Цветковска (ИРЛ), Ирена Мулачка (Фокус), Анета Андонова (МРТ), Меваип Абдиу (ТВ Коха), Бранко Геровски (Плусинфо) и Семи Мехмети (Алмакос).

На годишното Собрание беше избран и нов Надзорен одбор на СЕММ, во состав: Адријан Ќерими, Сашо Дамовски, Сали Мемед, Генур Исени и Драган Ивановски.

Новите членови на работните тела на СЕММ се заложија дека целосно ќе се посветат на постигнување на основните цели на Советот за етика – подигање на професионалните стандарди во медиумите во земјава, преку почитување на Кодексот на новинарите и Насоките за известување во онлајн медиумите, засилување на медиумската писменост и неширење дезинформации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy