
ЛЕТНА ЖЕГА: Ледени лижавчиња ги ладат животните во бразилска зоолошка градина
Зоолошката градина во Рио де Жанеиро најде интересен начин како да ги разлади животните на летните горештини. На миленичињата им се даваат вкусни ледени лижавчиња.
Биологот Марина Швајцер вели дека температурите можат да достигнат 45 степени Целзиусови во текот на летото, така што на животните секако им требаат освежителни задоволства.
Јагуари, лавови, видри и волци се меѓу жителите кои уживаат во специјалното мени.