Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лекарската комора воведува тримесечна обука за д-р Кузмановски пред продолжување на лиценцата
Македонија

Лекарската комора воведува тримесечна обука за д-р Кузмановски пред продолжување на лиценцата

24/10/2025

AA

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледа барањето на д-р Кузмановски за продолжување на лиценцата за работа и одлучи да воведе дополнителни мерки за проверка на стручните способности на докторот.

Според одлуката, пред одобрување на барањето, д-р Кузмановски ќе мора да помине тримесечна специјализирана обука под водство на ментор, по што ќе биде подложен на испит за детална проверка на знаењата и стручните способности.

Комората соопшти дека оваа одлука е донесена со цел да се гарантира заштита на пациентите и да се зачува интегритетот на лекарската професија. Истовремено, се истакнува дека Лекарската комора ја користи законската можност за засилена контрола и едукација, бидејќи во моментов не постои судска пресуда или друг правен акт кој би условил одбивање на барањето за лиценца.

Паралелно со тоа, тече и сеопфатна постапка поврзана со етичкото однесување на д-р Кузмановски, а Комората јасно ја изрази моралната осуда за неговите постапки, потенцирајќи дека тие го нарушуваат угледот на професијата.

Конечната одлука за лиценцата ќе биде донесена по добивање на извештаите од Министерството за здравство и Универзитетската клиника за неврологија, кои треба да ја оценат целокупната професионална и стручна способност на докторот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба

26/08/2026
Македонија

Жените доминираат меѓу дипломираните, магистрите и докторите на науки во

26/08/2026
Македонија

Забрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро до 7

26/08/2026
Македонија

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026
Македонија

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова

26/08/2026
Македонија

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45258
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

26/08/2026

Дигиталниот простор станува сè поголем ризик за децата во Македонија. Нов извештај покажува дека едно од десет деца на возраст

Жените доминираат меѓу дипломираните, магистрите и докторите на науки во Македонија

26/08/2026

Жените се побројни од мажите на речиси сите нивоа на високото образование во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за

Забрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро до 7 септември

26/08/2026

Мавровското Езеро во следните две недели ќе биде под посебен режим поради одржувањето на Светското првенство во риболов. Во периодот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy