Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драстичен пад на производството на струја во август, намален увозот на јаглен и гас
Македонија

Драстичен пад на производството на струја во август, намален увозот на јаглен и гас

24/10/2025

AA

Вкупното бруто-производство на електрична енергија во август 2025 година забележало остар пад од 21,2% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Споредено со јули 2025, производството е намалено за 16,8%.

Најголемо влијание врз падот на производството има намалената работа на комбинираните централи и индустриските енергани, кои во август 2025 произвеле 45,4% помалку струја во споредба со август 2024 година. Производството кај хидроцентралите е намалено за 28,1%, а кај термоцентралите за 8,3%.

Единствено зголемување на годишно ниво има кај производството од ветерни електрични централи (раст од 66,4%) и соларни централи (раст од 26,2%).

Пад и кај увозот на енергенси

Податоците за август покажуваат и значително намалување на увозот на клучни енергенси. Увозот на природен гас е намален за 40,1% во споредба со август 2024 година.

Намалување е забележано и кај вкупната потрошувачка на јаглен за 16,4%, пред сè поради намалената потрошувачка на лигнит и кафеав јаглен. Вкупната потрошувачка на нафтени продукти исто така бележи пад од 7,5% на годишно ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45637
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy