
ЛЕГЕНДАРНИОТ КОСУТМ ОД „САБОТНА ВЕЧЕРНА ТРЕСКА“ НА АУКЦИЈА: Цената е шестоцифрена
Белиот
костум со широки ревери и широки
трапезни ногавици што го носеше Џон Траволта во филмот „Satherday night
fever“ наскоро ќе биде понуден на аукција во Калифорнија.
Три од најпознатите полиестерски облеки во историјата на
филмот ќе се најдат на аукција во Калифорнија овој месец, нудејќи му на
среќниот купувач можност да го „запали“ подиумот за танцување.
Белиот костум со елек од 1970-тите е централниот дел на колекцијата насловена
„Холивуд: класично и современо“ што ќе биде понудена на аукција во Беверли Хилс
од Julien’s Auctions.
Директорот Мартин
Нолан изјави:
„Се сеќаваме на ова. Кога луѓето зборуваат за диско, првото
нешто на што помислувате е „Саботна
вечерна треска“, мислите на Bee Gees, мислите на Џон Траволта“.
Нолан очекува да достигне цена од 200.000 долари на
аукцијата од 22 до 23 април. И тој верува дека тоа може да оди и за поголема
сума.
На аукцијата ќе бидат понудени околу 1.400 други предмети од
периодот кој ги опфаќа последните сто години кинематографија. Меѓу нив ќе бидат бастунот на Чарли
Чаплин, ховербордот од „Враќање во иднината III“ и оригиналната наметка што ја
носела Теда Бара во „Клеопатра“ од 1917 година.
Фановите на Хари Потер ќе можат да наддаваат за различни филмски реквизити, а ќе има и
костими од филмски франшизи како „Џон Вик“, „Бетмен“, „Iron Man“ и „Војна на
ѕвездите“.
ФОТО: Twitter

