
Лејкерс со триумф над Мемфис го почна плејофот (ВИДЕО)
Многу драма беше забележана во завршницата од мечот, кога Лејкерс имаше предност од само четири поени на неколку минути пред крајот, но екипата на Леброн Џејмс го засили темпото и оствари заслужена победа.
Најефикасен во екипата на Лејкерс беше Хачимура со 29 поени, шест скокови и една асистенција, додека Џексон беше најдобар кај Мемфис со 31 поен, пет скокови и четири асистенции.
