
Лажен профил со фотографија на советник од Кавадарци пишувал недолични коментари на интернет
Советникот во Совет на општината Кавадарци, Ристо Сакалиев пријавил во полиција, дека лажен профил со негова фотографија, пишувал недолични коментари на интернет.
Според Секторот за внатрешни работи Велес, вчера во 14.30 часот во ОВР Кавадарци, Р.С.(55) од кавадаречко село, пријавил дека на социјалната мрежа Фејсбук, непознато лице направило лажен профил, искористувајќи негова фотографија и од тој профил биле пишувани коментари, со недолична содржина. Се работи на расчистување на случајот.
На Сакалиев ова му е шести советнички мандат. Два мандата беше советник во Совет на поранешната општина Конопиште, а три, во кавадаречкиот општински Совет.