Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лазаревски: Начинот на којшто е донесена одлуката за сместување на Џез оркестарот е нетранспарентен, протести ќе има секој ден
Македонија

Лазаревски: Начинот на којшто е донесена одлуката за сместување на Џез оркестарот е нетранспарентен, протести ќе има секој ден

15/05/2023

AA

Оркестарот на Македонската филхармонија и денеска одржа протест пред Министерството за култура поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција. Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски најави дека ќе продолжат со протестите секој ден, се додека не се сослушаат нивните барања.

Тој напомена дека испратиле писмо и до премиерот Димитар Ковачевски, во кое бараат средба, но и негово вклучување во решавање на овој проблем.

-Министерката за култура на средба со вработените од Филхармонија рече дека ќе ја промени адресата на новоформираниот Џез оркестар, дека ова е само привремено, но потоа само се донесе една одлука на Влада, дека џезерите ќе бидат сместени привремено кај нас, без временска рамка. До ден денеска, после два месеци, ние се уште не дочекавме и не слушнавме решение од министерката за култура, рече Лазаревски за време на денешниот протест.

Тој уште еднаш посочи дека зградата на Македонска Филхармонија е наменски изградена за оркестарот на Македонска Филхармонија. Како што рече, доколку во зградата би постоеле два независни правни субјекти, ќе биде проблем, односно нема да можат да функционираат.

-Ние не сме суетни или несолидарни. Секоја просторија е испланирана наменски за оркестарот за еден Национален филхармониски оркестар, како што е оркестарот на Македонска Филхармонија. Немаме ништо против одлуката да се формира Џез оркестар и тие да настапуваат во нашата сала. Тие настапувале и претходно, ќе настапуваат и понатаму, додаде Лазаревски.

Тој рече дека ја поздравуваат одлуката за формирање на Џез оркестар, но начинот на кој што е донесена одлуката за нивно сместување во Филхармонија е нетранспарентен, без вклучување на јавноста, само со изготвување на елаборатот од две до три страници, без консулатација со релевантните луѓе во музиката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Новиот

07/02/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар очекувал експремиерот, Обвинителството да одговори

07/02/2026

Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев, рече

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

07/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy