Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лавина реакции во јавноста по скандалозниот подкаст со Латас
Македонија

Лавина реакции во јавноста по скандалозниот подкаст со Латас

20/02/2023

AA

Лавина реакции во јавноста по скандалозниот подкаст на Јутјуберот Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас.

Хелсиншкиот комитет за човекови права го осуди интервјуто на Латас во кое тврди дека „силувал девојка во автомобил, откако претходно таа била претепана“, на што наиде на позитивна реакција од јутјуберот Стефан Лазаров како водител на емисијата во оваа ситуација.

„Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство. Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците“, реагираат од Хелсиншки комитет.

Од таму ја повикуваат јавноста да реагира со осуда на овој чин, кога веќе системот за поддршка очигледно не функционира.

„Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи” и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство“, се додава во реакцијата

Со реакција се јавија и Форумот на жени на СДСМ од каде изразија згрозеност и шокираност од интервјуто.

„Најостро го осудуваме однесувањето на новинарот Латас и јутуберот Лазаров кон жената во општеството. Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо и мора да подлежи на сакционирање.

Ваквото понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената мора да биде осудено од сите општествени чинители, и да се испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо. Ги повикуваме институции во рамките на своите на надлежности да превземат мерки за санкционирање.

Го повикуваме јавното обвинителство согласно нивните законски овластувања да покрене постапка за утврдување на евентуална кривична одговорност.

Ги повикуваме новинарските здруженија, Советот за етика во медиуми да го осудат ваквото однесување и да го санкционираат новинарот Латас.

Ги повикуваме спонзорите на youtube каналот на Стефан Лазаров веднаш да престанат со финансиски поддршка на каналот, во спротивно ќе сметаме дека ја поддржуваат културата на насилство врз жените.

Форумот на жени на СДСМ смета дека секој облик на насилство врз жените е флагрантно кршење на човековите права и затоа бараме веднаш затворање на youtube каналот. Воедно ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да ни се придружат во оваа иницијатива и да побараат затворање на овој канал“, велат од таму.

Остри реакции има и на социјалните медиуми.

Ирена Цветковиќ, д-р од областа на родовите студии и член на Коалицијата „Маргини“ прашува кому му е смешно силувањето.

„Кому му е смешно силувањето? Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече – искинавме!

Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.

Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.

Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон. Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно“, пишува Цветковиќ на Фејсбук.

Ај пред легнување …
Не верувам во приказната на Латас и не е ни битна…
Леснотијата со кој двајцата разговараат е згозувачка… Монструозно за едно такво, дури и хипотетичко дело, да се смееш и правиш шега од тоа кога што се случило…

— Andrej (@andrejold) February 19, 2023

Клипчето е гадно но важно е да го гледате ако имате дете кое е често на јутјуб.

Латас е Латас но посебен поздрав до мрмутов Стефан Лазаров кој се кези ко удрен кога зборат за шамарање девојки. Тој има многу поголемо влијание кај младите. pic.twitter.com/yqBvXJooNw

— 42 (@forty_tw0) February 19, 2023

Латас призна силување во живо на подкаст кај Лазаров и двајцата се кезат ко ненормални. Гадно, ужасно гадно. Признавам сум гледала видеа на Лазаров, но после овој блам, толку…а за Латас немам толку лош збор што би го употребила да го опишам.

— Анабела ♒ (@AnabellaZz) February 19, 2023

После гадната исповед на Латас за групњакот на девојката шо и го направиле во младоста дојдов до неколку заклучоци.
1. Ја шамарале девојката. (Физичко насилство)
2. Имале вајда повеќето секс со неа принудено или не сепак (raping/силување)
3. Вели имал 15 години малолетен а

— Германка™ 🇩🇪❤️‍🔥 (@sugaryouknowm_e) February 19, 2023

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy