Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КСОМ бара платата да се исплаќа до 5. во месецот
Македонија

КСОМ бара платата да се исплаќа до 5. во месецот

14/02/2023

AA

За да не доцнат повеќе платите и за нивна редовна исплата, од Конфедерацијата на синдикалните организации бараат платата да се исплаќа до 5-ти во месецот, а не како досега до 15-ти.

– Плати сѐ уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, но еве и јавно кажуваме, во новиот Закон за работни односи ќе бараме платата да се исплаќа до петти во месецот, изјави на денешната прес-конференција претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.


Тој додаде дека Синдикатот ќе бара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да се решат проблемите со кои се соочуваат, а доколку не се случи тоа најави одржување протести.

Претседателот на Независниот синдикат во геријатрија, Лазо Костовски посочи дека од здравство секојдневно бегаат луѓе и оти се вработува несоодветен кадар што „не е за таму“.


– Самите функционери пред да стапат на функција, ветуваат сѐ и сешто. Здравствените работници веќе се ставени на маргините, не знаат што да прават. Не само со платите, туку и со самото работно место што го имаат. Кога ќе видиме дека еден пратеник зема шеесет илјади денари месечно за патни трошоци, а една плата во здравство на доктор е шеесет илјади. Со кое право тогаш од нас, граѓаните, бараат да штедиме, додека другиве во Парламентот, во Влада, никој ништо не штеди? Со излегување на улици, со протести, да се остварат нашите права. Друг начин не гледам, додаде Костовски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy