
„Крв низ целиот факултет“ – раскажуваат очевидци за нападот во Прага
Професорот Радек Самик држел час на Универзитетот Чарлс кога напаѓачот влегол во зградата и почнал неселективно да пука.
Заглавен во соба на првиот кат, тој одеднаш слушнал „многу јасно“, единечни истрели.
Во училницата на повисокиот кат бил Јакоб Вајцман, новинар и студент на универзитетот.
Тој полагал јазик во мала соба, придружуван од еден наставник, кога слушнал „истрели“ и „врескање“.
Во паника двајцата се затвориле во училницата.
Пет минути подоцна, напаѓачот се обидел да ја отвори вратата од нивната училница. Одеше низ секоја училница за да види дали има луѓе да пукаат во нив“, изјави Вајцман за Гардијан.
Двајцата на крајот беа евакуирани од зградата од страна на полицијата. „Додека излегувавме, имаше само крв низ целиот факултет.