Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кризата заврши, големите плати на контролорите на летови ќе бидат уште поголеми
Економија

Кризата заврши, големите плати на контролорите на летови ќе бидат уште поголеми

14/02/2023

AA

Вкупно 14 милиони евра акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје ќе подели за плати оваа година, пишува во одобрениот финансиски план на контролното тело за 2023.

Во тукуштообјавениот план пишува дека платите на вработените, од кои поголемиот дел од нив извршуваат екстремно одговорни задачи, ќе се зголемат за 14 отсто во однос на претходната година.

Ваквата одлука на „навигации“ се должи на тоа што се очекуваат поголеми приходи од авионските прелети, откако во пандемискиот период платите мораше да бидат намалени поради големиот пад на приходите со корона-кризата.

„Ова зголемување се должи на враќањето на дел од средствата задржани од платите на вработените во согласност со договорот постигнат со синдикатите за нивно намалување во време на кризата, при што повратот на средства е овозможен со подобрувањето на воздушниот сообраќај во 2022, како и очекуваниот натамошен раст на сообраќајот во 2023“, пишува во планот.

За споредба, вториот најголем трошок е планирано да биде електричната енергија, која според пресметките, ќе се плаќа четири пати поскапо во однос на вообичаеното и ќе треба да се издвојат 1,5 милиони евра.

Иако цената на прелетот се очекува да биде намалена во 2023, М-НАВ планира да ги зголеми вкупните приходи на 20 милиони евра, или за 20 проценти повеќе од она што било предвидено за 2022.

Претходно опозицијата го критикуваше раководството на М-НАВ дека платите на управителите им се движат над 5.000 евра, на што следуваше одговор дека се работи за самофинансирачки буџет, а не пари на граѓаните. Платите биле оформени според комплексноста на дејноста, како и за да се спречи „одлив на мозоци“.

Просечната плата пред кризниот период во контролното тело беше над 2.000 евра по вработен.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy