
Кривична против две лица, сакале на сила да влезат кај Касами!
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И.(34) и А.А.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 05.11.2024, пријавените се обиделе со употреба на сила да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово и упатувале закани кон двајца вработени.