
Кривична пријава за затајување: Вработен во казино присвоил над 330 илјади денари
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 01.07.2025, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари.
