Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против три физички и едно правно лице поради констатирани нерегуларности по Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори
Македонија

Кривична пријава против три физички и едно правно лице поради констатирани нерегуларности по Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори

03/08/2023

AA

Eдиницата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(42) од Тетово, М.Б.С. од Канада и Д.К. од Албанија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело по чл.95-в ст.2 и против правно лице од Скопје, по чл.95-в ст.1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори.

Како што информираат од МВР, при извршена контрола во правното лице на 19 јули годинава од страна на полициски службеници од МВР и овластени лица од Министерство за здравство – Комисија за оценување на исполнување на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, со локација на просторот и површината за одгледување на канабис во село Корешница, Демир Капија, било утврдено дека пријавените, во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги, пријавената количина на обработен сув цвет од канабис не ја спакувале во картонски кутии и не ја запечатиле со заштитни ленти, туку ја спакувале во најлонски и алуминиумски ќеси, што, како што наведуваат од Министерството, е спротивно на чл.29-ѓ од наведениот Закон.

Тие, исто така, до Министерството за здравство не доставиле известувања за настанати промени, што е спротивно на чл.29-г од Законот, како ни за бројот на собрани стебла и сува маса по завршената берба на канабисот, што е спротивно на чл.29-д од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy