Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Критичарот на Путин oсуден на 25 години затвор
Македонија

Критичарот на Путин oсуден на 25 години затвор

17/04/2023

AA

Рускиот опозициски активист Владимир Кара-Мурза е осуден на 25 години затвор за предавство и други обвиненија поврзани со критиките за војната во Украина.

Владимир Кара-Мурза во Србија се споменуваше кога изјави дека на средбата во Белград биле прислушувани членови на руската опозиција и дека тогашниот српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, а сега шеф на Безбедоносно информативната агенција (БИА) и ги предал на Москва транскриптите од тие разговори.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Вулин го негираше тоа, нарекувајќи го Кара Мурза лажго.

– Смешно е што Вулин реагираше дури сега. Тоа беше толку одамна. Ќе потсетам дека на почетокот на декември беше објавено дека Вулин во мај долетал во Москва и на секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев му го предал транскриптот од нашите разговори, изјави тогаш Кара-Мурза за агенцијата БЕТА.


Според неговите зборови, српските медиуми објавиле дека Патрушев лично му се заблагодарил на Вулин за дадените информации, а потоа државната телевизија Русија 24 објавила прилог за тоа колку се одлични српските тајни служби бидејќи известувале „што прават русофобите“.

Поранешниот руско-британски новинар и политичар е последниот од голем број противници на Путин кои беа уапсени или принудени да избегаат од Русија.


Владимир Кара-Мурза ги отфрли обвинувањата и нагласи дека е горд на својата работа.

– Не само што не жалам за ништо од ова, туку и горд сум на тоа, рече тој на судењето.

Освен што ја критикуваше таканаречената „специјална воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина, Кара-Мурза отворено говореше и против претседателот Владимир Путин и неговата Влада.

Овој 41-годишникот одигра клучна улога во убедувањето на западните влади да ги санкционираат руските функционери за кршење на човековите права и корупција.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy