Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Криминалците од „Беланоца-Барон“ убивале, палеле, вршеле изнуда…
Магазин

Криминалците од „Беланоца-Барон“ убивале, палеле, вршеле изнуда…

27/05/2025

AA

Основното јавно обвинистелство поднесе кривични пријави против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Како што се вели во соопштението во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година.

Од обвинителството посочуваат дека во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.

Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале.

– Убиството на Џелал Ибраими – јануари 2023:
Организирано од групата како одмазда за лична навреда кон првообвинетиот. Убиството е извршено во домот на жртвата, со повеќе истрели. Исплатени се 20.000 евра на учесник во нападот.

– Двојно убиство на Јетон Кривањева и Енес Исеинов – март 2023:
Извршено како одмазда за претходни убиства. Првообвинетиот обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки. Нападот бил особено суров, извршен во деловен објект, со пукање од непосредна близина. Напаѓачите потоа го запалиле возилото и добиле логистичка поддршка за бегство.

– Убиството на Орхан Бајрами (Оки) – јули 2023:
Извршено во Грција, во луксузен ресорт. Жртвата била следена преку легални и илегални премини. Нападот бил извршен од двајца маскирани напаѓачи кои испукале 19 куршуми, нанесувајќи три смртоносни рани на жртвата и тешко ранувајќи друго лице.

Во 2021 година, шестообвинетиот со двајца осомничени формирале нова криминална група, фокусирана на убиства од одмазда и ликвидација на членови од други криминални структури и тоа:

– Убиство на Камер Идризи (Бундес) – мај 2021:
Извршено од шестообвинетиот и други лица, со 57 испукани куршуми. Жртвата била цел на одмазда за смртта на роднина на еден од организаторите.

– Убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски – јули 2024:
Извршено поради нарушени односи и претходни конфликти. Во нападот биле користени автоматски пушки. Жртвата починала, а другото лице било тешко рането, а подоцна починало.

– Убиство на Ибраим Исмаили Абиц:
Извршено во Сингелиќ од првообвинетиот, неговиот брат и осмообвинетиот. Биле испукани 65 куршуми“, се вели во соопштението на обвинителството.

Дополнително во обвинителниот акт се содржани дејствија во кои дел од обвинетите како нарачатели или извршители предизвикале пожари на возила на службени лица од КПУ Идризово и членови на нивни семејства, со цел спречување службени дејствија, а дел од обвинетите организирано вршеле изнуда на пари од фирми, со закани, физички напади и опожарување на објекти.

„На 20.12.2024 година, при претреси на имот поврзан со првообвинетиот, биле пронајдени рачни гранати, ТНТ експлозив, полуавтоматска пушка и чаури од муниција. Врз основа на опишаните дејствија седум лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, и повеќе убиства како соучесници, поттикнувачи или извршители, од нив четири лица сториле и кривични дела Изнуда, а петмина и кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Едно лице е обвинето за сторено кривично дело Убиство, а едно за кривично дело Изнуда. На првоосомничениот му се става на товар и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“, додаваат од обвинителството.

Имајќи ги предвид околностите предметниот јавен обвинител побара продолжување на претходно изречените мерки и одземање на одземените предмети што потекнуваат од кривично дело.

 
 
 
 
 
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со

12/02/2026
Македонија

СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

12/02/2026
Македонија

НАПАДНАТИ ДВАЈЦА ПОЖАРНИКАРИ ВО КУМАНОВО Приведени двајца мажи, градоначалникот бара

12/02/2026
Македонија

Истепани пожарникари во Куманово, уапсени две лица – се бара

12/02/2026
Македонија

Кумановци вработени во Ирак и Авганистан повторно на протест пред

12/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во

12/02/2026
Македонија

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца

12/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со спротивставени ставови за медицинските протоколи

12/02/2026

Вештото лице од Словенија, Маја Равник, денеска повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања во судскиот процес за случајот

СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЌЕ ПОЧНАТ ВО МАРТ

12/02/2026

Судскиот процес по обвинителниот предлог во кој се опфатени тројца полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

НАПАДНАТИ ДВАЈЦА ПОЖАРНИКАРИ ВО КУМАНОВО Приведени двајца мажи, градоначалникот бара одговорност

12/02/2026

Двајца 32-годишни кумановци се приведени откако физички нападнале пожарникари пред зградата на Територијалната противпожарна единица во Куманово. Инцидентот се случил

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy