Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачки: До убиство на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата на исчезнувањето на Панче, оставка веднаш!
Македонија

Ковачки: До убиство на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата на исчезнувањето на Панче, оставка веднаш!

05/12/2023

AA

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Оливер Спасовски вчера ја излажал македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури.

„Имено, Оливер Спасовски кажа дека не трагале по возилото на киднапираниот Панче затоа што не знаеле дека истото е исчезнато заедно со лицето, а на 2 дена пред кобното грабнување на Вања, на 25-ти ноември, веб-портал објавува наслов и текст дека е исчезнат Панче со се неговиот автомобил.

Значи повторувам, иако веќе во јавност објавено неколку дена претходно, според Спасовски – полицијата НЕ знаела дека автомобилот на Панче е исчезнат и затоа истиот никој не го ни барал.

Доколку автомобилот бил предмет на потрага, истиот би бил идентификуван уште на самиот влез од системот „Сејф сити“ и од патролите на МВР во Скопје.

И доколку автомобилот бил идентификуван на влез во Скопје, ќе се спречело барем киднапирањето и убиството на малолетното девојче.

Па дури и да се случело киднапирањето, возејќи од центар до излезот на Скопје, возилото повторно можело да биде идентификувано и да се спречи убиството.

Ова води до една констатација – занемарувањето на возилото е кардинална грешка и пропуст на МВР кои доведоа до фатални последици и кои чинеа – живот на дете.

Исто така, дополнителна лага која беше кажана и која создаде сериозни сомнежи дека не се работи професионално, т.е. се работи на забошотување на случајот е следнава:

Според МВР и ЈО, сторителите го убиле девојчето бидејќи ги фатила паника откако се кренала јавноста.

Но, потсетуваме: јавноста се крена на нозе после објавата на мајката на ФБ околу 12 часот, а девојчето според Спасовски е убиено 2 часа после киднапирањето, што значи пред објавата на ФБ и пред сензибилизирањето на јавноста.

И тука, бидејќи одговорните ја излажаа јавноста, се фрла сомнеж дека убиството на Вања не е извршено поради паника од разбудената јавност, туку дека е извршено поради паника затоа што имале доушник во МВР кој им дојавил дека истите се предмет на интерес.

Сомнежот дека првоосомничениот и останатите помагатели имале доушници во Полицијата, односно некој постојано ги предупредувал е дотолку појак затоа што и бегството на првоосомничениот од државата се случува после неколку дена од второто убиство. Значи, тој слободно се шетал затоа што знаел дека не бил загрозен од истрагата, за да откако навреме е предупреден, истиот избега преку граница.

Пропустите, непрофесионализмот и корумпираноста поради кои се губат човечки жртви мора да бидат следени со понесување на одговорност и оставка од МВР Спасовски“, вели Ковачки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот

29/04/2026
Македонија

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува

29/04/2026
Македонија

Тешко повреден работник на автопатот во градба Охрид-Кичево, му паднала

29/04/2026
Македонија

18-годишник нападнат со нож кај Бит Пазар

29/04/2026
Македонија

ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ШТЕКЛИ: Паднаа пресудите за групата што

29/04/2026
Македонија

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: Зорица нуди бесплатно летување во Трпејца за

29/04/2026
Македонија

Колку заработуваат претседателите во регионот: Милановиќ со највисока плата, Сиљановска

29/04/2026
Македонија

Дојави за поставени бомби во неколку училишта низ Скопје

29/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

29/04/2026

Компанијата Мастербет продолжува со поддршката на младите спортски таленти и во промоција на врвните спортски вредности, преку поддршка на еден

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува задолжителна верификација на телефон и

29/04/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните

Тешко повреден работник на автопатот во градба Охрид-Кичево, му паднала бетонска цевка на ногата

29/04/2026

На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy