Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски врати на провокациите: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот
Македонија

Ковачевски врати на провокациите: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

18/05/2023

AA

Откако работната група за уставни измени ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му порача премиерот Димитар Ковачевски на неговиот бугарски колега Румен Радев кој изјави дека „Владата на Република Северна Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“.

Амандманите кон Уставот, нагласи Ковачевски, се дел од Преговарачката рамка со ЕУ.

-Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија, и затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа што граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Потсети дека веќе се води дискусија во рамки на работната група за подготвување на уставните амандмани.

– За жал, во ниту еден важен процес не учествуваат претставници од опозицијата. Јас лично сметам дека имаме приоритет овој пат да ги исполниме обврските што произлегуваат од Преговарачката рамка, а која е прифатена од страна на Собранието со заклучоците за коишто гласаше и Алијанса за Албанците, меѓутоа да видиме како ќе се одвива дискусијата. Сепак сметам дека треба да се држиме до она што е приоритетно, а тоа е отворање на поглавјата и продолжување на патот на државата кон полноправно зачленување во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

Бугарскиот претседател за БГНЕС рече дека раководството на Северна Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава.

– Владата на Република Северна Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, рече Радев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42352
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе утврди што се случило

10/04/2026

65-годишен маж од Скопје вчера е пронајден починат во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, соопшти Министерството за внатрешни

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy