Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски во ТВ интервју прашува зошто Палчо се среќавал со Милевски, Бендевска, Мицкоски…
Македонија

Ковачевски во ТВ интервју прашува зошто Палчо се среќавал со Милевски, Бендевска, Мицкоски…

07/12/2023

AA

По докажувањата на јавна сцена за тоа чиј е Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Ваља Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговор на ова прашање побаравме од премиерот Димитар Ковачевски кој е гостин во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Премиерот и претседател на СДСМ на оваа тема вели:

„Видете, јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа едно ќе ви кажам. Кој ми правеше на мене гилотина минатата година во јули пред Собрание? Кој ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада? Кој организираше фрлање молотови коктели врз Министерството за надворешни работи? Кој ја организираше толпата којашто сакаше да влезе во зградата на Владата при усвојувањето на европскиот предлог? Кои луѓе беа таму, се сеќавате? Се сеќавате дека таму беше и тој Палевски што го спомнувате и претседателот на Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на медиуми, и еден член на Државна комисија за спречување на дискриминација, се сеќавате дека јас неколкупати укажував дека има странски агентури коишто го финансираат тоа, а за тоа ќе треба да направите интервју со други лица, не со мене. На пример, со претставници на безбедносни органи. И ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие коишто цела година тоа го организираа“.

На прашање зошто Палевски не е санкциониран иако, во серијата кривични и прекршочни дела, во мај годинава е фатен како носи пиштол за којшто немал дозвола, Ковачевски вели дека тоа се прашања за истражните и правосудните органи. Посочи и дека „истата таа група“ правела монтирани видеа на „Тик-ток“ и од неговата малолетна ќерка, а праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.

Ковачевски: Знаете што ѝ правеа на мојата малолетна ќерка на „Тик-ток“ со монтирање на видеа? Тоа се истите тие луѓе, истата таа група. И затоа кога ги прашуваат кога се гледале – не одговараат. Еве, јас ќе ви додадам. Што правел поранешниот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година, што правеле?

360°: Која Либерално-демократска партија?

Ковачевски: Либерално-демократска партија на Македонија. Бившиот претседател, што правел на состаноци со Љупчо Палевски? Еве јас ве прашувам, испитајте.

360°: Чекајте, Жерновски е поранешниот претседател.

Ковачевски: Не е Жерновски бившиот, тоа е бивши пред бившиот. Еве, јас ви поставувам прашање, што правеле?

360°: Амбасадорот во Словенија?!

Ковачевски: Што правеле на состаноци, што разговарале?

360°: За амбасадорот во Словенија зборувате?

Ковачевски: Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори.

360°: На кого алудирате, кого примаат таму на гости?

Ковачевски: Мора еднаш истражните и правосудните органи во оваа држава да ги идентификуваат сите коишто работат против интересите на државата и на институциите на државата, коишто се под влијание на странски агентури, кои шират хистерија и коишто прават сè, оваа држава да не може да продолжи во нормален евроинтеграциски процес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy