Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски вели опозицијата нема 61 пратеник, а ниту ново мнозинство – Мицевски бара премиерот да се извини за „глупи август“
Македонија

Ковачевски вели опозицијата нема 61 пратеник, а ниту ново мнозинство – Мицевски бара премиерот да се извини за „глупи август“

23/02/2023

AA

Дестабилизација со единствена цел фотелја, желба за власт, пари, тендери како што видовме и во градот Скопје. Од конститутивната седница наваму тврдите заедно со вашиот претседател дека овој владин парламентарен состав нема долго да трае, дека ќе следуваат брзи избори, дека избори ќе има напролет. Само што немало предвремени избори, па најавувате ново мнозинство па распуштање на Собранието, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски обраќајќи им се на пратениците од опозицијата на собраниската седница за пратенички прашања.

-И оваа година ја започнавте со тоа. Со лага дека има 61 пратеник и дека во јануари или во февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори. И еве среде февруари ниту Мицковски ниту вие имате 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту има распуштање на Собранието.

Јасно е, нагласи Ковачевски, дека изборите ќе бидат во 2024 година.

-Лага број еден дека ќе имало асимилација и бугаризација. Наместо тоа имаме македонски јазик во ЕУ со потпишан Фронтекс договор којшто не го гласавте затоа што бугаризацијата во оваа држава ја прави ВМРО -ДПМНЕ со нивниот претседател Ванчо Михајлов. Тоа вие го правите. Сите тие отворачи, затварачи и палачи на клубови се ваши членови. Втора лага дека нема да почнеме преговори со ЕУ. Почнавме преговори и тече скрининг процесот. Трета лага дека следувало набавка на 100 нови автобуси за градот Скопје. Градот Скопје нема градски превоз зашто вие сте на власт во градот Скопје, рече Ковачевски.

Следна лага, додаде тој, е дека има фабрика за автобуси во градот Скопје со 500 вработени.

-Нема фабрика во градот Скопје, ниту има вработено 500 вработени во таква фабрика. Лага е дека Данела Арсовска не била градоначалник, а ВМРО-ДПМНЕ, а ваш кандидат е Данела Арсовска со која славевте во вашата палата. Шеста дека нема да има доволно струја и дека ќе имало рестрикции. Струја има субвенционирано 80 проценти и нема рестрикции. Дека цената на струјата ќе се големела за 30 до 40 проценти .Цената на струјата се намали. Цената на нафтата ќе се зголемела. Цената на нафтата се намали. Во 2021 година ќе има предвремени избори, во 2022 ќе има предвремени избори. Немаше избори. Десетта лага дека нема да има доволно енергенси, дополни Ковачевски.

Премиерот одговарајќи го прашањето на пратеникот Миле Лефков во врска со набавката на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза, рече дека се обезбедени 2,2 милиони евра за итна набавка на лекот на пациентите.

-Потоа е формиран тим којшто веќе изработува законско решение кое се надевам дека сите ќе го изгласаат за да се направи можност директно да се набавуваат вакви лекови кои се патентирани од страна на еден уникатен производител.Тоа законско решение е изготвено и тоа законско решение ќе биде поднесено до Собранието. Обврска на Министерството е тоа да го направи и сега тоа се спроведува. Дека најголем проблем во нашата држава е невозможната бирократија каде што секогаш се кажува што не може да се направи , што а не да се прави тоа што треба да се направи.

Што се однесува до тоа што го кажав доколку се нашол повреден од вистината што ја кажав еве тогаш му се извинувам на тој што е повреден од вистината.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го осуди како ендолично однесувањето на премиерот и му порача на потпретседателот на Собранието Горан Мисовски дека требал веднаш да го прекине.

– Ова е дом на пратениците, премиерот е гостин во ова здание и треба да се однесува според куќниот ред во оваа зграда. Да се нарече пратеник „глупи август“ и вие да не искоментирате. Ова ниско ниво што го демонстрирате на човек кој треба да ја води државата е навистина многу ниско, рече Мицевски додавајќи дека премиерот треба да се извини на сите пратеници.

Во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески истакна дека ја разбира, како што рече, нервозата на опозицијата „бидејќи најавија ново парламентарно мнозинство, а се случи обратно“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy