Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски убеден: Пратениците ќе ги поддржат уставните измени
Македонија

Ковачевски убеден: Пратениците ќе ги поддржат уставните измени

30/06/2023

AA

Уставните измени ќе влезат во Собранието тогаш кога ќе биде оценето од страна на Владата. Овој процес нема да застане и ќе оди во парламентарна процедура. Убеден сум дека македонските пратеници, независно од која партија доаѓаат, ќе ја донесат одлуката која обезбедува европска иднина на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, најдобро е уставните измени да се донесат со поддршка на сите политички партии.

Како што објасни Ковачевски, најпрво ќе биде одржана владина седница на која детално ќе се разгледа предлогот доставен од Работната група и од Министерството за правда, а потоа ќе почне процесот во Собранието.

-Ова не е процес на еден човек, на една по партија или на една влада, туку широк општествен процес со кој се обезбедува европска иднина за државата и граѓаните. Овој процес не може да биде заложник на политичка кариера на еден човек. Политичар може да реши да ја зароби својата партија, да бара нотарски изјави, па потоа тие да не важат, да бара потпишувања, но не може да зароби цела држава и иднина на цели генерации. Ако ние овие одлуки ги донесевме пред 25 години и ако спорот со Грција беше решен пред 25 години, земјава денес ќе беше заедно со Хрватска, членка на ЕУ, дел од шенген зоната и држава во која валута е еврото. Поради неносење одлуки поради немање храброст, денеска сме во ситуација се уште да решаваме прашања од минатото. Нам ни се потребни политичари кои носат решенија за иднината, а не политичари кои постојано зборуваат за минатото. Решенијата се денес за иднината. Секое неносење одлука денес, значи изгубени нови 20 години утре, подвлече Ковачевски.

Тој потенцира дека донесувањето на уставбните измени е процес што не треба да се избрзува, но треба да се направи брзо.

-Ни треба брз, но не избрзан процес, ни треба атмосфера која ќе биде конструктивна. Атмосферата и станува поконструктивна, обвинувањатаа за бугарзицаија, асимилација, за губење на македонскиот јазик и идентитет се веќе демантирани. Сите обвинувања на Левица поддржана од ВМРО-ДПМНЕ паднаа во вода, нагласи Ковачевски, уште еднаш потсетувајќи дека земјава ги почна преговорите на 19 јули со македонски јазик.

Во врска со изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп за уставните измени, премиерот истакна дека и самиот тој постојано кажува дека процесот на ЕУ интегрирање значи носење голем број реформи.

-Амбасадорот Коп секогаш има исклучително директни изјави кои не се во спроитвност со тоа што јас го кажувам. Процесот на ЕУ интегрирање значи носење голем број реформи и ова не е првото, ниту последното гласање со двотретинско мнозинство за полноправно членство во ЕУ. Пред нас е добивањето на извештаите од скринигн процесот и јас со нетрпение го очекувам зашто таму ќе се покажат аномалиите на голем дел од институциите, начинот на функцонирањето и спроведувањето на законодавството во државата, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Пена во реката Вардар: Општина Зелениково на терен, се

21/11/2025
Македонија

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема

21/11/2025
Македонија

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025
Македонија

📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон

21/11/2025
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е реален, развоен и со фокус

21/11/2025
Македонија

Мицкоски во Тирана: Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“ ја зајакнува

21/11/2025
Македонија

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем

21/11/2025
Македонија

📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37900
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Пена во реката Вардар: Општина Зелениково на терен, се земаат примероци од водата!

21/11/2025

Општина Зелениково информира дека утрово, при активирање на пумпите за препумпување на отпадната вода од Скопското Поле, во селото Таор

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема мерки за пронаоѓање

21/11/2025

На 21.11.2025 во 01:00 часот во ОВР Прилеп С.М.(40) од Прилеп пријави дека нејзиниот малолетен син на 20.11.2025 во 14.00

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m²

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy