Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Северна Македонија како регионален центар на зелена енергија
Македонија

Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Северна Македонија како регионален центар на зелена енергија

22/09/2023

AA

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Њујорк се сретна со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на ОН (UNDP) и ко-претседавач на механизмот за енергија на ОН (UN Energy).

На состанокот беше потенцирано значењето на ОН и на развојните мрежи на организацијата, како што е УНДП, којашто им помага на земјите членки во остварувањето на Милениумските развојни цели, глобалниот развој, заштитата на животната средина, во областа на енергетиката и др.

Како што информира владината прес-служба, на средбата беа поздравени континуираната и конструктивна соработка на државата со УНДП и беше разговарано за политиките на Владата на Република Северна Македонија, што придонесоа за успешно справување со економската и енергетска криза.

Воедно беше посветено внимание на прашањето околу состојбите во енергетиката на глобално ниво, со оглед дека има тренд на зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор, но и на зголемување на енергетски потреби поради случувањата во актуелната геополитичка констелација на односи, по војната во Украина.

Изразена е заедничка согласност дека зелена транзиција и декарбонизацијата е неопходно да бидат во фокус на владите на државите и на приватниот сектор, за да се забави постојаниот скок на климатските промени и да се осигура чиста и достапна енергија за сите, во интерес на сегашните и идните генерации.

Премиерот Ковачевски изрази поддршка на повикот за акција на ко-претседавач на ОН за енергија, Штајнер непосредно пред овогодинешниот Самит на ОН, за зголемување на инвестициите во обновлива енергија и осигурано напојување на економиите денес и во иднина. И посочи на ефикасните чекори ги презема Република Северна Македонија во енергетската транзиција и диверзификација, што придонесе во справувањето на земјата со енергетската криза и во градењето отпорност на регионот.

Во таа насока, премиерот Ковачевски соопшти дека Северна Македонија од почетокот на минатата година досега има издадено 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија, со што во државата денес има на мрежа 420 мегавати на централи кои што доминантно работат за производство на електрична енергија од сонцето, а очекувањата се дека до крајот на годината тој капацитет да достигне 600 мегавати.

Премиерот ја нагласи и најновата владина одлука за конечна реализација на тридеценската цел за изградба на хидроцентралата Чебрен, проценета инвестиција од околу милијарда евра, што ќе овозможи дополнителен инсталиран капацитет од најмалку 333 MW енергија.

-Ова се чекори кон енергетска независност на државата, за зајакнување на домашно производство на електрична енергија, но и придонес во заштитата на животна средина, поради што Северна Македонија веќе е препознаена како регионален центар на зелена енергија, рече премиерот Ковачевски.

На средбата на премиерот Ковачевси со ко-претседавач на ОН за енергија, Штајнер се поздравени заложбите на Република Северна Македонија во обезбедувањето чиста енергија и во заштитата на животната средина. При тоа, разговарано е за можности за поддршка на нашата држава во делот на развојот на преносната мрежа со цел подготвеност за прифаќање на бројните апликации за изградба на фотонапонски и ветерни електрани, како и во заложбите за декарбонизација на економијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
Македонија

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41439
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ Стратешките договори со САД

13/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy