Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома
Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

27/03/2024

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и организациониот секретар на СДСМ, Митко Трајчулески, во Собранието на Република Северна Македонија, остварија средба со делегацијата на Aд-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

На средбата, се разговараше за подготовките и позициите на политичките партии за претстојните претседателски и парламентарни избори во државата. Претседателот Ковачевски пред делегацијата на Aд-хок Комисијата, ги презентираше позициите, ставовите и основните столбови на изборната програма на СДСМ претстојните избори.

Ковачевски пред делегацијата на Комисијата, потенцираше дека на овие избори постојат два концепта. Првиот концепт е патот кон интеграција на државата, подобар животен стандард, подобри и поголеми плати и пензии за сите граѓани, економски развој, безбедност и стабилност, кој всушност преставува продолжување на политиките што СДСМ ги спроведува во изминатите седум години. Другиот концепт, е сосема спротивен и е пат на враќање назад на државата, изолација, стагнација, влошување на билатералните односи.

На средбата, Ковачевски посочи дека Владата предводена од СДСМ покажа јасна посветеност и донесе тешки и храбри одлуки, кои резултираа позитивно врз државата. Северна Македонија стана членка на НАТО, по 17 години чекање се отворија пристапните преговори со Европската Унија, а паралелно се затворија речиси сите отворени прашања со нашите соседи. Сето тоа се случи за кратки 5 години од владеењето на СДСМ и тоа во време на две тешки кризи – ковид пандемијата и енергетската криза. Притоа, Ковачевски ги презентираше сите мерки што Владата ги презема во изминатите 7 години, кои придонесоа за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на криза, зголемување на платите и пензиите, успешно менаџирање со снабдувањето на струја и парно, намалување на невработеноста, пораст на инвестициите.

Во однос на изборната програма на СДСМ, Ковачевски потенцираше дека таа преставува продолжение на сите позитивни резултати што досега се постигнаа и се заснова на 10 столба: Европски плати и животен стандард, Достоинствен живот за пензионерите, Поддршка за младите, Силна домашна економија, Современа европска инфраструктура, Европско земјоделство, Европско образование, Чиста енергија и поевтина електрична енергија, Повеќе фондови од ЕУ за македонската економија, Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.

По завршувањето на изборите, доколку СДСМ ја формира новата Влада, тоа ќе значи продолжување на патот кон ЕУ, подобар европски животен стандард за граѓаните, економски развој, унапредување на демократијата, слободите, социјалната вклученост, рече Ковачевски. Тој додаде дека Владата на СДСМ ќе продолжи да ги спроведува реформите кои ќе обезбедат владеење на правото и добро владеење, транспарентни, одговорни и инклузивни институции и креирање политики, приближување и усогласување на националните политики и закони со оние на правото на ЕУ. СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ВРШИ САБОТАЖА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА Филипче намерно создава хаос,

07/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46640
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ ВРШИ САБОТАЖА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА Филипче намерно создава хаос, за политички поени ѝ штети

07/11/2026

Јавното обвинителство не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДСМ и на Венко Филипче,

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота ќе достигне 18 степени

06/11/2026

Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба да даде одговори за „Ласкарци“

06/11/2026

Поединци во судството ги рушат стандардите што се постигнати со законските измени и со напорите на институциите за подобрување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy