Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски посакува Бугарија да избере Влада 100% ориентирана кон принципите на ЕУ
Македонија

Ковачевски посакува Бугарија да избере Влада 100% ориентирана кон принципите на ЕУ

03/04/2023

AA

Како држава сосед посакуваме Бугарија да избере политичка влада, која што ќе биде стопроцентно ориентирана кон придржување на принципите на ЕУ, кон принципите на проширување на Унијата, на почитување на сите свои соседи и градење на добрососедски односи и со нашата држава и со другите соседи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција во Љубљана со неговиот словенечки колега Роберт Голоб.

Oдговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за изборите во Бугарија, Ковачевски рече дека Северна Македонја верува дека една европска влада во Софија ќе се залага за сите тие принципи, исто како што Словенија се залага за зачленување на целиот Западен Балкан во ЕУ, бидејќи тоа е единствената алтернатива за економски просперитет на сите граѓани од нашиот регион.

Тој истакна дека односите на Северна Македонија со Бугарија се базираат на институционална комуникација.

-Тоа значи комуникација на влада со влада, институции со институции, претседател со претседател и доколку погледнеме наназад голем број прашања коишто беа од клучно значење за граѓаните и за справувањето со кризата беа направени и со претседателот и Владата на Бугарија, како што беше непреченото снабдување со гас, либерализација на пазарот на снабдување со гас во нашата држава, која што одеше преку Бугарија, непречено функционирање на прекуграничните капацитети за снабдување со електрична енергија во текот на целата зима, во време кога имаше недостиг на електрична енергија, што исто така беше договорено и испочитувано, како и соработката на многу полиња, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека имало еден еден проблем, а тоа е дека во Бугарија немало политичка волја.

-Тие веќе подолго време функционираат со влада во технички мандат. Вчера таму завршија избори. Ние како држава сосед посакуваме Бугарија да избере политичка влада која што ќе биде ориентирана кон стопроцентно придржување на принципите на ЕУ, на принципите на проширување на ЕУ, почитување на сите своите соседи и градење на добрососедски односи и со нашата држава и со другите соседи, истакна Ковачевски.

Словенечкиот премиер оцени дека е добро што изборите во Бугарија се зад нас, бидејќи во време на избори не се решаваат чувствителни прашања.

-Моментално Бугарија се уште нема влада, но со која било влада која ќе биде именувана ќе имаме дијалог, а тоа е значењето на европските интеграции. И Бугарија и денес е свесна, бидејќи навистина сака да влезе во Шенген зоната. Бугарија е држава која е свесна како е кога некој ќе те исклучи од постапката кога имаш право за понатамошна европска интеграција. Верувам дека ќе има разбирање и за прашањето на Северна Македонија. Мислам дека се работи за јасна порака дека нема друг пат за Бугарија и за Северна Македонија и дека се работи за ист процес и не за два процеса. Можеби само поради тоа да некој не ја зема предноста. Тоа е дискурс кој ќе го имаме во Брисел сигурно, потенцира словенечкиот премиер.

Тој додаде дека уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, како што бил денеска брифиран на средбите со претставниците на земјава, се во насока на подобрување на положбата на малцинствата во државава.

-Бевме информирани дека имате еден од најнапредните системи за заштита на малцинствата во Европа и верувам дека таа информација со задоволство ќе ја шириме во сите европски кругови. Северна Македонија и досега беше меѓу најнапредните, ако не е најнапредна и земјата сака да остане на тој пат, а истовремено токму со тоа што ќе стапи во полноправно членство во ЕУ тие малцинства ќе добијат пристап кон своите матични држави, рече Голоб.

Ковачевски, пак, истакна дека Европа се наоѓа во еден исклучително деликатен и единствен геополитички момент, по руската агресија врз Украина, а Северна Македонија уште од првиот ден се поставила на линија на надворешната политика на ЕУ и како членка на НАТО учествувала во поддршката на демократска независна држава, која што е нападната од страна на поголема соседна држава. Тоа, додаде тој, само покажува дека Северна Македонија како и секогаш е на вистинската страна на историјата.

-Што се однесува до нашите односи со соседите, ние сме Влада која што во изминатите пет години ги затвори сите отворени прашања со соседните држави. Ако ги погледнете нашите односи со соседна Албанија тоа се односи во коишто нема отворени прашања. Ако ги погледнете односите со Србија и последното големо прашање кое што постоеше помеѓу Северна Македонија и Србија е решено со признавањето и примањето во канонско единство на МПЦ од страна на СПЦ. И вчера заради тоа заедно со премиерот на Албанија и претседателот на Србија заедно како држави членки на Отворен Балкан којшто се базира на истите принципи како и ЕУ и е насочен кон економска соработка и интеграција на трите земји во ЕУ можевме заедно да присуствуваме на најголемиот саем во Италија што не би било можно доколку се обидовме да присуствуваме сами. Со Грција исто така односите се на исклучително високо ниво, рече Ковачевски, кој ги спомена и Охридскиот рамковен договор, со кој се обезбеди функционална мултиетничка демократија, Преспанскиот договор, кој ги отвори вратите за членство во НАТО, како и прифаќањето на европскиот предлог врз основа на Договорот за добрососедство со Бугарија за отпочнување на преговорите со ЕУ.

-И од тука излеговме посилни, бидејќи после 17 години чекање Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ и скрининг процесот којшто 17 години беше ставен на чекање заради тоа што државата ја водеа политичари кои немаа храброст да донесат државничка и визионерска одлука. Она што е пред нас е носење на уставни измени коишто се дел од обврските во преговарачката рамка и јас велам кога и нив ќе ги донесеме државата повторно ќе излезе и посилна и како победник, затоа што потоа автоматски продолжува втората меѓувладина конференција – отворање на кластерите, реформите во општеството и полноправно зачленување во ЕУ, за што поддршка имаме од сите земји членки на ЕУ, рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со Голоб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање

13/02/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026
Македонија

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле

13/02/2026
Македонија

ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО

13/02/2026
Македонија

Бугарија го ратификуваше договорот за меѓуграничен железнички тунел на Коридор

13/02/2026
Македонија

Пад на трошоците за живот на почетокот на 2026 година

13/02/2026
Македонија

СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ

13/02/2026
Македонија

Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41426
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во

13/02/2026

Судскиот процес за четворица турски државјани, обвинети дека во мај минатата година му помогнале на Кадир Кара, кој во кафуле

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Задушница

13/02/2026

На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе

Судскиот процес „Онкологија“ продолжува: Вештаците тврдат дека скапи терапии биле применувани без индикација

13/02/2026

Судскиот процес за случајот „Онкологија“ продолжи и денеска во Скопски кривичен суд, кој ја привлече вниманието на јавноста поради откриените

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy