
Ковачевски: Пендаровски влегува во прифилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ и коалицијата
СДСМ својот претседателски кандидат за изборите закажани на 24 април 2024 година ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски – вели премиерот и претседател на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, не откривајќи потенцијални имиња, туку посочувајќи кaко треба да изгледа профилот на кандидатот:
Прашан за тоа дали актуелниот претседател Стево Пендаровски ги исполнува условите што ги набројува, лидерот на СДСМ одговори дека досегашното работење на Пендаровски е токму таков пример.
Тој додава дека повикот од неговата партија за консензуален претседател не е само за ДУИ и Алијанса за Албанците, туку за сите партии што ги споделуваат вредностите за кои се залага СДСМ.
Според него, коалиции базирани на интереси правела опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, во битолскиот Совет, во Македонска Каменица, но се покажале погрешни.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. И двата датума се паѓаат во ден среда.

