Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!
Македонија

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!

09/04/2026

AA

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, предупреди дека македонската економија се наоѓа во исклучително тешка позиција поради глобалниот пад на бруто-домашниот производ (БДП) и високата инфлација.

Според него, овие фактори вршат огромен притисок врз буџетскиот дефицит, што ќе наложи итни кратења на трошоците.

Ковачевски посочи дека Владата е исправена пред тежок избор: или да го зголеми дефицитот, или да ги намали трошоците за да го одржи на исто ниво. Тој стравува дека токму капиталните инвестиции би можеле да бидат први на удар.

„Ако приходите се намалени, а сакате да го одржите дефицитот, мора да кратите. Оперативните трошоци не се во голем обем, па затоа најчесто се крати кај капиталните инвестиции. Тоа е сериозен ризик за економијата на долг рок“, истакна Ковачевски.

Анализирајќи ги најавените владини мерки, поранешниот премиер направи математичка пресметка за нивното влијание врз државната каса:

Според него, ваквата дупка во буџетот неминовно ќе доведе до порана измена на државната каса. „Претпоставувам дека ребалансот на буџетот ќе биде порано од вообичаено. Нема да се чека јуни, туку поради кризата тоа ќе се случи за месец или месец и половина“, вели тој.

Ковачевски се повика на најновите извештаи на ММФ, нагласувајќи дека 85% од земјите членки се увозници на нафта и директно зависат од светските берзи.

„Македонија го дели истиот проблем. Немаме сопствено производство на нафта и целосно зависиме од цените на суровата нафта и дериватите. Намалениот глобален БДП и зголемената инфлација создаваат ‘совршена бура’ која ја принудува власта на тешки и непопуларни економски одлуки“, заклучи Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Македонија не е земјоделска земја – тоа е мит,

09/04/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, СОНЦЕ И ОБЛАЦИ ПРЕКУ ДЕН Времето за празниците

09/04/2026
Македонија

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс

09/04/2026
Македонија

Ковачевски: Додека власта се жали на минатото, странските инвестиции паднаа

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има поместувања и кога не се

09/04/2026

Не треба да чекаме децении за Европската Унија, напротив некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста,

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна поддршка за Охридскиот договор и

09/04/2026

Демократската унија за интеграција ја информираше јавноста дека претседателот на партијата, г. Али Ахмети, своето отворено писмо од 3 април,

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од народот едвај преживува

09/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во емисијата Ноќно студио на 4ТВ упати жесток аларм за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy