Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски не сака да коментира за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, но повика на обединување за уставните измени
Македонија

Ковачевски не сака да коментира за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, но повика на обединување за уставните измени

25/09/2023

AA

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски не сака да ги коментира кавгите во опозициската ВМРО ДПМНЕ, или како што вели „не сакам да коментира динамика во други политички партии“. Повика на обидинување за уставните измени, за побрз влез на нашата држава во ЕУ.

-Јас неколку пати имам кажано дека клучна работа во државата е да сите се обединиме во градење на една европска држава, заедно во Собранието да го отвориме патот кон полноправно зачленување во ЕУ. Ние пред една година започнавме процес на скрининг, кој значително успешно се одвива и затоа никој не поставува прашање. Да се одвиваше лошо, веројатно ќе имаше прашање за скринингот. Меѓутоа тој успешно се одвива, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на компанијата „Алма – М“.

Посочи дека предстои одлука во македонското Собрание, која треба да се донесе со двотретинско мнозинство за уставните измени, а со цел да се отворат поглавјата и кластерите. Ковачевски е оптимист дека штом ќе се отворат кластерите, првото поглавје ќе биде затворено уште во февруари 2024, бидејќи во тој дел нашата држава е подготвена институционално, законски, како и со кадровскиот потенцијал со кои располагаат соодветните институции.

-Јас секогаш сум верувал дека во опозицијата има луѓе коишто сакаат да ја видат земјата како членка на ЕУ, ако некој ја увидел грешката од изолација на државата, тоа е ВМРО ДПМНЕ, подвлече Ковачевски.

Забележа дека стратешките одлуки за државата се тешки одлуки, а нашата држава според него го имаше најтешкиот пат за зачленувањето и во НАТО, а сега и во ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За една недела регистрирани 4.991 прекршок од страна на „Сејф

09/02/2026
Македонија

До сега запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни

09/02/2026
Македонија

Вештакот Равник од Словенија сведочи за судењето Онкологија: Пред хемотерапија

09/02/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ОГРАБАТ МАНАСТИР Фатени се додека обивале

09/02/2026
Македонија

Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња

09/02/2026
Македонија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41222
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За една недела регистрирани 4.991 прекршок од страна на „Сејф Сити“

09/02/2026

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се

До сега запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица – ОЈО продолжува со

09/02/2026

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони

Вештакот Равник од Словенија сведочи за судењето Онкологија: Пред хемотерапија се проверува тежината и општата

09/02/2026

Во Основниот суд во Скопје започна сведочењето на две словенечки вештаци ангажирани од Обвинителството во предметот против ексдиректорот на Клиниката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy