Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“
Македонија

Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“

25/06/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите.

– Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово.

За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни

– На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски.

Во однос на барањето на Антикоруциската комисија за Законот за потекло на имот, Ковачевски рече дека се работи на овој закон заедно со претставници од ЕУ и дека е вклучен и Кабинетот за борба против корупцијата на ниво на експертиза. Штом ќе биде готов, ќе биде поднесен, рече Ковачевски.

-Ама и без тој закон, имате процеси кои застанале. Таму треба да се бара одговорот зошто се застанати, рече Ковачевски.

Тврди дека се што е до Владата, било процесирано и дека нема ниту еден документ застанат во Владата.

– Секогаш кога некој ќе побарал нешто во Владата, секогаш било доставено. Не заборавајте два генерални секретари на Владата се на суд, рече Ковачевски.

Премиерот повторно се обрати до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање во чија фиока стојат предметите поврзани со нив и дали за еден, како што рече, „потазе случај се јавувале кај бившата обвинителка… кај еден од обвинителите што не се на функција“.

-Дали има еден предмет што го шетале меѓу три обвинители? Зашто го шетале меѓу три обвинители за да се падне кај некој кој ќе го сочува некаде? Ова се прашања на кој што тие треба да одговорат, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy